Новости

Македонија

Подобрената верзија на МОЈ ДДВ не влијае на скенираните фискални сметки

Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата, подобрена верзија, при тоа од таму појаснуваат дека ажурирањето на апликацијата не влијае на фискалните сметки коишто граѓаните досега ги скенирале.

„Со цел да сепостигне уште подобра функционалност на апликацијата мојДДВ за поднесување на фискалните сметки и со тоа на граѓаните да им се овозможи полесно и побрзо да го остварат правото на поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ, како и секоја друга апликација подлежи на промени.

Бидејќи при користење на апликацијата корисниците нередовно ги превземаат новите верзии, Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата, подобрена верзија.  Земајќи ги во предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки“, соопштуваат од УЈП.

Од УЈП велат и дека системот мојДДВ непречено функционира а до вчера преку апликацијата МојДДВ се скенирани 6,949,294 фискални сметки, остварен е промет од 3,529,985,093 денари со пресметан ДДВ во износ од 381,833,364, додека повратот од 15 % изнесува 57,275,005 денари.

GOLD
To Top