Новости

Македонија

Познати тандем носителите на СДСМ во сите изборни единици

Со двајца носители на листи владеачката СДСМ оди на избори.

Во тандем на маж и жена партијата на Заев ќе трча на овие избори а кандидатите официјално беа претставени доцна синоќа.

По полноќ, лидерот Заев ги „качуваше на сцена“ сите носители во изборните единици .

Имено, во „кецот“ носители на листата се Никола Димитров и Мила Царвоска, во двојката одат техничкиот премиер Оливер Спасовски и Соња Лукаревска.

Третата изборна единица им припадна на партискиот генерален секретар Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска додека четвроката ја предводи самиот Заев заедно со Соња Мираковска.

Петката им отпадна на тандемот Шекеринска – Митревски додека во шестката ќе трчаат Билал Касами и Фаница Николовска.

За Заев овие личности ќе и ја донесат големата победа на СДСМ на 12 април, додавајќи дека со ваква понуда нема дилема дека тие ќе бидат победници на изборите.

Извор: faktor.mk

GOLD
To Top