Новости

Македонија

Познат идентитетот на параглајдеристите кои беа спасени на Галичица

Полицијата денеска го соопшти идентитетот на параглајдеристите кои вчера со помош на специјалци и хеликоптери на МВР беа извлечени од непристапен терен на Галичица.

Станува збор за параглајдеристката М.П. (30) од Украина, а по неа слетал и параглајдерист А.М. (41) исто така од Украина. Вчера во 15,10 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Свети Наум, Б.М.(36) од Украина пријавил дека на планината Галичица паднале двајцата параглајдеристи.

Тие биле лоцирани на албанска територија, на непристапен терен, но веднаш се преземени мерки за нивно спасување. По консултација со албанските надлежни органи, на местото на настанот е упатен хеликоптер на МВР со припадници на ЕСЗ и двете лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им е укажана лекарска помош.

GOLD
To Top