Новости

Македонија

Полициска акција во Македонија: Уапсени 120 дилери на дрога, меѓу нив и малолетници

Тетовската полиција изминатиот месец уапсила 120 дилери на дрога и запленила поголемо количество на марихуана, хероин, кокаин и екстази, информира МВР.

Како што информираат, тетовската полиција од 6 до 28 септември на поширокото полошко подрачје спровела акцијата за откривање и  санкционирање на лица кои се инволвирани во неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Полицијата уапсила 120 дилери. Од нив, 92 дилери биле уапсени на тетовското подрачје, а 28 во гостиварското. Станува збор за дилери на возраст од 15 до 45 години.

Полицијата кај нив запленила марихуана, кокаин, хероин, хашиш и екстази. По целосно расчистување, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

GOLD
To Top