Новости

Македонија

Понеделник неработен ден за сите граѓани

Од министерството за труд и социјална политика известуваат дека по повод православниот христијански празник Божик – 7 јануари (недела), неработен ден за сите граѓани на Македонија е 8 јануари (понеделник).

Од министерството воедно го честаат Божик на сите граѓани од православна вероисповед.

Во првиот месец од новата 2018 година следуваат уште два продолжени викенди.

Листа со неработни денови за јануари 2018 година 

За сите граѓани на РМ

• 1 јануари (понеделник), Нова година
• 7 јануари (недела), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден

За граѓаните од православна вероисповед

• 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божиќ
• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава

GOLD
To Top