Новости

Македонија

Поради маглата, откажани и пренасочени летови на аеродромот во Скопје

Поради густата магла над главниот град Скопје, утрово откажани се повеќе летови од Виена, Истанбул и Малта.

За другите летови, на сајтот на аеродромот „Александар Велики“ пишува дека се очекуваат и стои нормалниот возен лет, но можно е откажување и на тие линии.

Авионите се препраќаат на аеродромот во Охрид, Приштина или Софија.

Откажани се летовите на Визер од Малме, Копенхаген и Ајндховен кои требаше да пристигнат во период од 11.55 до 13.05 часот.

Секако, откажани се и полетувањата кон Виена, Загреб, Истанбул, Малме, Копенхаген и Ајндховен, кои требаше да се реализираат утрово. Поради густата магла одложени се другите летови, но можно е и тие да не се реализираат.

Евротип
Евротип
To Top