Новости

Македонија

Почина драматургот Горан Стефановски

Ненадејно синоќа во Лондон, на 66-годишна возраст почина познатиот македонски драматург Горан Стефановски.

Горан Стефановски (роден во Битола, 27 април 1952), македонски драмски писател. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а од 2004 година и член на Македонската академија на науките и уметностите.

Тој беше автор на „Диво месо“, „Лет во место”, „Дупло дно”, „Тетовирани души”, а добитник е на престижниете награди: „Стале Попов“ „11 Октомври“, двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата „Војдан Чернодрински“.

Меѓу другото ќе остане и запаметен по репликите од “Дупло дно: „Јас сум народот! Од денеска ќе се застапувам сам.“, но и по онаа од „Тетовирани души”: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“

GOLD
To Top