Новости

Македонија

Почина македонската фолк легенда Ѓорѓи Желчески

Денес, на 82-годишна возраст, во својот дом во Белград почина македонската фолк и вокална легенда Ѓорѓи Желчески, дел од вокално-брачниот тандем Селимова-Желчески.

Корисниците на социјалните мрежи и обожавателите на неговата музика и музичко дело се простуваат од својот идол.

Желчески беше бескрајно талентиран човек, можеби единствениот во дискографско-естрадниот свет со четири дипломи.

Ѓорѓи Желчески е роден во Прилеп во 1938 година. Беше во брак со пејачката Кевсер Селимова со која живееја во Белград, а летните месеци ги поминуваа во нивнот апартман на полуостровот Истра, во Хрватска. Селимова и Желчески имаат едно дете – ќерката Ана, родена во 1980 година, во Белград, од која го имаат внукот Ерол, роден во 2012 година.

Желчески и Селимова се запознале на еден концерт во Титово Ужице, во 1959 година, каде Селимова настапила со “КУД Орце Николов”, а програмата ја најавувал Желчески. Во тоа време, Желчески настапувал заедно со Никола БадевАнка Гиева и Верица Исјановска. За време на една голема турнеја, Исјановска се вљубила и решила да остане во Шабац, така што Желчески морал да бара друга партнерка за пеење во дует. Разговарајќи со својот менаџер, тој се сетил на средбата со Селимова, која во 1961 година му се придружила, пеејќи во дует со него. Со текот на времето, нивната популарност растела, но Македонија станала претесна за нивните амбиции.

По една голема турнеја на Желчески низ Македонија, која вклучувала настапи во Ресен, Титов Велес, Штип, Струмица, Охрид, Кичево, Струга итн., „РТВ Белград“ побарала пејач од Македонија и Желчески заминал во Белград. Таму, тој одржал концерт во Домот на синдикатот и постигнал голем успех, така што започнале да пристигнуваат други понуди и тој решил да остане во Белград.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” итн. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржаа концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот – пет децении творештво пренесува таратур.

GOLD
To Top