Новости

Македонија

Почина македонскиот актер Гоце Влахов

Македонскиот актер Гоце Влахов почина на 70-годишна возраст.

Гоце Влахов е роден на 12 мај, 1949 година. Ќе остане запаметен по улогите во Македонските народни приказни што ги снимаше ТВ Скопје, а подоцна МТВ, од раните 70-ти до 90-тите години.

Влахов остварил и низа филмски и телевизиски улоги во текот на неговата повеќедецениска кариера: „Македонски дел од пеколот“ (1971), „Јад“ (1975), „Илинден“ (1982), „Оловна бригада“ (1980), „Јуначко колено“ (1984), „Климент Охридски“ (1986), „Трст виа Скопје“ (1986), „Тврдокорни“ (1988), „Опстанок“ (1991), „Во светот на бајките“ (1995), „Погрешно време“ (2000), „Чекор пред времето“ (2003), „Андер“ (2004), „Сенки“ (2007), „Бунило“ (2009).

Последна филмска улога му беше во филмот „Мајки“ (2010) на режисерот Милчо Манчевски.

GOLD
To Top