Новости

Македонија

Почина мајката на сопругата на претседателот Пендаровски, тестот ќе покаже дали била заразена од корона вирус

Мајката на сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска била донесена на клиниката за пулмологија, каде што и починала. Таа претходно една година била во тешка здравствена состојба.Посмртно е земен брис за корона вирус и за резултатите дополнително ќе биде информирана јавноста, најверојатно во текот на утрешниот ден. Генерално, досега немала симптоми на Ковид-19” – соопшти кабинетот на претседателот на државата.

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска не се тестирани за новиот вирус, а дали ќе бидат тестирани зависи од резултатот на тестот на починатата жена.

Извор: Сител Тв

GOLD
To Top