Новости

Македонија

Почна откупот на тутунот, се очекува поголема реколта, повисок квалитет и цена

Во најголемиот тутуно-производствен регион Прилепскиот – денеска официјално започна откупот од годинашната реколта.

Девет откупувачи од 32 илјади тутунопроизводители во земјава треба да преземат над 25 милиони килограми тутун. Од нив 17 милиони се произведени во Пелагонија.

-Вкупно девет комапнии ќе го откупуваат тутунот од годинашнава реколта. На последната средба со откупувачите беше констатирно дека сите се подготвени за откупната кампања и сите ќе започнат со откуп во законскиот временски рок, а последен рок е 15 декември. Се очекува добра сезона, квалитетот, исто така, е добар. Сите откупувачи имаат обезбедено средства за исплата на откупениот род. Според податоците, во Министерството досега се верифицирани 226 мостри тутун од кои 204 мостри се од типот „прилеп”, а 24 мостри од типот „јака”, евидентирани се 210 откупни пунктови. Годинава со тутун се засадени 13342 хектари и се склучени вкупно 32798 договори со осум регистрирани откупни компании. Очекуваме добра, редовна откупна кампања. Со оглед на најавата дека квалитетот на тутунот е подобар, очекуваме да се постигне и повисока откупна цена од ланската, рече.Трајан Димковски – министер за земјоделие.

Единствениот државен откупувач во земјава тутунскиот комбинат од прилеп за свои потреби ќе откупи 3000 тони..

-Прилепскиот Тутунски комбинат е целосно подготвен за откупот на тутунот од оваа реколта. Ќе откупи околу 3000 тони. Откупот почнува на 25 пунктови со 34 ваги. Од петок откупот почнува и во населените места, а исплатата ќе биде по еден ден од откупениот род, изјави  Кирил станкоски – директор на Тутунски комбинат – Прилеп

Бидејќи годинава тутунот е со многу добар квалитет тутунопроизводителите очекуваат во споредба со ланската од 217 годинава просечна откупна цена од 240 денари.

На денешната средба на откупните пунктови  од министерот Димкоски и директорот на државниот земјоделски инспекторат  Шапуриќ да превземат по ригорозни мерки за препродавачите на режниот суров тутун кој наголемо  го има на пазарите.

GOLD
To Top