Новости

Македонија

Почнува судењето за Јанулоска за набавката на „мерцедесот“

Во кривичниот суд во Скопје, треба да започне судењето за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“ во предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство.

 Ова е издвоена постапка за Јанкулоска и судењето почнува од почеток. Судијката Добрила Кацарска закажа 11 рочишта за овој предмет до крајот на септември.

СЈО предложи на Јанкулоска да ѝ се суди посебно, откако адвокатите претходно приложија медицинска документација за отворено лекарско боледување поради бременоста. За истиот предмет, експремиерот Никола Груевски доби казна затвор од 2 години, а второобвинетиот Ѓоко Поповски, доби 6,6 години затвор. Скопска Апелација утре ќе одлучува за жалбата на Груевски за овој предмет.

Јанкулоска е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување како поттикнувач. За ова кривично дело на поранешната министерка ѝ се заканува казна затвор од најмалку 5 години. Според обвинението, Јанкулоска за да го исполни барањето на Никола Груевски, со умисла го поттикнала обвинетиот Ѓоко Поповски да стори кривично дело.

GOLD
To Top