Новости

Македонија

Почувствуван земјотрес попладнево во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска, 12.11.2019 година во 15 часот и 27 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 125 km јужно од Скопје, во соседна Република Грција, информираат од Сеизмолошката опсеваторија.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.3. Според досегашните податоци земјотресот бил почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

GOLD
To Top