Новости

Македонија

По смената од директор на Бирото за јавна безбедност, Велковски стана началник

Лазе Велковски од денеска е нов началник на Одделот за борба против организираниот криминал во Министерството за внатрешни работи.

Тој беше сменет од директорското место на Бирото за јавна безбедност, откако беше откриено дека неговата ќерка во Грција на одмор отишла со службено возило. Налогот за тоа го потпишал нејзиниот татко.

За министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нема ништо спорно во оваа одлука. „Ова е правилна одлука. Станува збор за професионалец од редовите на полицијата. И кога побарав да биде разрешен истакнав дека човекот е од полицијата. Несомнено има потенцијал, стручен и компетентен, кој треба да се искористи“, изјави Спасовски.

И премиерот Зоран Заев претходно изјави дека Велковски мора да остане во полицијата, поради неговите способности пренесува МКД.

Евротип
SNBROKER
To Top