Новости

Македонија

По 11 – ти пат ќе се одржи „Божиќен Ручек“ за 500 деца во Прилеп

По 11-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, со почеток во 12:00 часот, 500 деца ќе се дружат на свечен Божиќен Ручек и ќе го слават Христовото раѓање. 

Оваа година, по 8-ми пат на оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува престижното признание за општествена одговорност Орден за носител на мирот. Оваа година ова меѓународно признание му го доделуваме на ЕЛЕМ – ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА од Скопје.  

thumbnail_-%d0%a4%d0%98%d0%9d%d0%90%d0%9b-%d0%91%d0%90%d0%9d%d0%95%d0%a0-rgb
– 500 деца од целата територија на Република Македонија на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање, и на таа заедничка трпеза ќе седнат: деца без родители, деца на загинатите бранители, деца со посебни потреби, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Ресен, Тетово, Битола, Струмица и од другите градови ширум државава. Исто така, како во нашите програмски задачи и Конвенцијата за правата на децата за еднаквоста на децата, а во интерес на нашето мото „Едно небо за сите деца“ на оваа Божиќна трпеза имаме покането и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат. На сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божиќниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески. – истакна Александра Северкоска Стојаноски. 

           

thumbnail_cimg4023Божиќниот Ручек ќе го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиско и Новозеландски, Господин Петар. За збогатување на свеченоста ќе се погрижат членовите на Академијата за Естрадно пеење „Ѕвездички“ од Прилеп, македонскиот претставник во Пинковите Ѕвездички, Мина Блажев, Преставничката на Македонија на ланската Детска Евровизија, Магдалена Алексовска, но и добро познатите естрадни Ѕвездички, Сара Гигова и Љупка Арсовска. Оваа година покрај членовите на Академијата за естрадно пеење „Ѕвездички“, за уште повесела забава на овој Божиќен Ручек, ќе настапат и македонскиот идол Христијан Тодороски и нашата ѕвезда од Ѕдездите на Гранд, Ален Хасановиќ. 

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе има и доделување на ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на најзаслужните, а тоа се: А.Д. „Алакалоид“ од Скопје, Хотел „Инекс Горица“ од Охрид и за нашиот Христијан Тодороски, кој веќе 5 години се дружи со нас на Божиќниот ручек.  

Како и секоја година порталот Шеталиште е дел од медиумските покровители. 

GOLD
To Top