Новости

Македонија

Пратениците денеска треба да го ратификуваат Договорот за името

Договорот за решавање на спорот со името денеска треба да биде ратификуван во рамки на 51. седница на Собранието на Репубика Македонија, закажана денеска во 11 часот.

Договорот вчера ги помина двете фази, прво на пленарна седница на која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против и ја напуштија собраниската сала, а потоа и во Комисијата за европски прашања.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, воКомисијата член по член, го објаснуваше постигнатиот договор со Грција.

„Ако не ми беше мирна совеста, немаше да го потпишам договорот и немаше денеска да бидам овде пред вас“, рече Димитров во образложението.

Според него, предлог законот бил ставен по скратена постапка, за да може Грција да го извести Советот на ЕУ дека нема забелешки, ако помине ратификацијата на договорот во Собранието. Тој додаде дека спогодбата не е идеална и совршена, туку компромис на двете страни.

„Кога опозициите во Грција и во Македонија изјавуваат дека спогодбата е срамна и капитулантска, тоа кажува дека се работи за компромис“, рече Димитров.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе заседаваат на 25 и 26 јуни, а Самитот е на 28 јуни. Овие датуми, според Димитров, се клучни за европската перспектива на Македонија и зависат од ратификацијата на спогодбата.

Evrotip
Евротип
To Top