Новости

Македонија

Прв позитивен случај на коронавирус во Македонија

Пациентка која рано утрово се пријвила е првиот пациент зарзен со коронавирусот во земјава, потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

„Таа е сместена на клиниката за инфективни болести. Пациентката е првиот пациент во Скопје заболена со овој причинител. Нема простор за паника. Таа се третира соодветно на нејзината состојба. Епидемиолошките анализи укажаа дека таа веќе еден месец била на посета и прошетка во Италија, две недели е болна, се третирала во Италија, не е проверена од коронавирус таму, а откако дошла веднаш се пријавила на клиника“, рече Филипче.

Станува збор за пациентка, родена 1970 година од Скопје.

Тој појасни дека се прави проверка на сите кои патувале со неа во комбето и истите ќе бидат ставени во четиринаесетдневна изолација.

GOLD
To Top