Новости

Македонија

Предлогот за нова Влада е доставен до Собранието – Заев и премиер и министер за финансии

Попладнево Зоран Заев до Собранието го достави предлогот за реконструкција на Владата.

Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде сменет, а нов министер ќе биде Зоран Заев.

Министерот за локална самоуправа Схејл Фазлиу е сменет и на негово место седнува Горан Милевски.

Советникот на поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски ,Трајан Димковски ќе биде министер за земјоделие.

По реконструкција на Владата, премиерот најави дека ќе следуваат и промени во вториот и во третиот ешалон, со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

GOLD
To Top