Новости

Македонија

Премиерката на Србија и нејзината партнерка ќе добијат бебе

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и нејзината неколку години помлада партнерка, Милица Ѓуриќ, наскоро ќе станат родители, пишува српскиот магазин „Глорија“. Според извори на магазинот  од Клиничкиот центар во Белград, идната мајка забременила со вештачко оплодување.

Наводно од тие причини Ѓуриќ веќе некое време не се појавува во јавност со Брнабиќ.

Дека партнерката на српската премиерка е бремена потврдува и фактот што земала породилно отсуство од Центарот за радиологија и магнентна резонанца, каде работи како докторка, пишува „Глориа“.

Од кабинетот на Брнабиќ, пак, ниту ги потврдиле ниту ги демантирале овие информации.

-Премиерката и понатаму останува на ставот да не зборува јавно за својот приватен живот – одговориле од таму.

Инаку, веста дека двете партнерки ќе добијат бебе ја објавија неколку српски портали, но некои од нив набрзо потоа ја избришаа.

GOLD
To Top