Новости

Македонија

Препорака до сите работодавачи таму каде што е можно да се организира работа од дома

Како дополнување на заклучоците и препораките од 19-тата седница, Владата на Република Северна Македонија упатува препорака до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да даде упатства и препораки за итно и приоритетно постапување на сите јавни обвинителства во државата во постапките процесуирани од страна на надлежните институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија, и другите надлежни државни институции.

Владата им препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно на секое раководно лице во институциите, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работата на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.

На оваа седница Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот со која се затворааат сите копнени гранични премини во Република Северна Македонија за премин на патници и возила, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце. На граничните премини кои се затворени за премин на патници и возила, се дозволува исклучиво премин на товарни возила.

GOLD
To Top