Новости

Македонија

Претежно сончево време со температура до 8 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, кон крајот на денот ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, информира УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.

Во Скопје сончево, попладне со појава на мала овблачност. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Во текот на Новогодишната ноќ ќе преовладува малку до умерено облачно време со слаб до умерен, а во втората половина од ноќта на места засилен северен ветер.

GOLD
To Top