Новости

Македонија

Претпладне сончево и топло, попладне можни врнежи од дожд

Времето претпладне ќе биде сончево и топло, во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 16 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.

 Следува период на претежно стабилно време, со умерен северен ветер што ќе предизвика благ пад на температурата.
GOLD
To Top