Новости

Македонија

Претседателските кандидати на дебата во „Детектор“

На седум дена пред првиот круг гласање за шеф на државата ја најавуваме дебатата, на која ќе се соочат тројцата претседателски кандидати, Гордана Сиљановска–Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река во „Детектор“, во недела 14 април во 16.30 часот на фрекфенција на ТВ Сител.

Домаќините на емисијата Славица Арсова и Иван Кузмановски на претседателските кандидати ќе им ги претстават ставовите и мислењата на граѓаните за теми кои ги засегаат и се мошне важни за нив. Според формата на „Детектор“, во дебатата ќе бидат презентирани факти од јавен интерес и ќе се користат податоци од истражувањата кои наменски ги направи Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

Токму затоа претстојната дебата е предизвик и за идните претенденти за претседател на земјава, кои ги споделија и своите очекувања пред официјалното соочување.

„Очекувам фер и конструктивна дебата со моите против кандидати на која ќе го елаборирам мојот концепт за една република за сите. За република со владеење на законот, а не на поединецот“ – сподели кандидатот Блерим Река.

За Гордана Сиљановска–Давкова претстојната дебата е можност „конечно да ги детектираме нашите програми односно нашите визии за Македонија низ призма на претседателската функција“.

А Стево Пендаровски вели „Очекувам дебатата да помине во фер и демократска атмосфера како што ни приличи на нас, тројцата кандидати“.

GOLD
To Top