Новости

Македонија

Приведена мајката на претепаното 14-месечно бебе

Мајката на претепаното бебе денес на пладне од Шелтер центарот каде што била згрижена, повторно била вратена во ПС Кисела Вода и по сослушувањето била приведена, неофицијално дознаваме од МВР. Највероjатно во истрагата за претепувањето на нејзиното 14-месечно девојче биле најдени дополнителни докази, поради што е задржана во станицата, а неофицијално станува збор за претходните насилства над нејзиното бебе.

Полицијата засега, освен жената, нема уапсено други лица за претепувањето на бебето. Нејзиниот невенчан сопруг кој моментално издржува казна затвор не е вклучен во истрагата, бидејќи нема докази дека тој бил нарачател, или пак учествувал во насилството.

mkd.mk

GOLD
To Top