Новости

Македонија

Приведен Стевче Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски синоќа е приведен и се наоѓа во една од полициските станици во Скопје. До крајот на денот се очекува тој да биде изведен пред судија на претходна постапка.

– Стевчо Јакимовски синоќа околу 23 и 30 минути е лишен од слобода. Согласно Законот за кривична постапка течат роковите и во наредните 24 часа тој треба да биде изведен пред судија на претходна постапка. Дотогаш тој ќе биде во полициска станица. Очекуваме утрово да бидеме повикани пред судија на претходна постапка кога ќе се знае дали ќе има некакви предлог мерки од обвинителството и другите надлежни органи, изјави адвокатот на поранешниот градоначалник Виктор Цветковски.

Според Цветковски, ова е атак врз политичкиот ангажман на Стевчо Јакимовски.

Финансиската полиција вчера влезе во неколку станбени објекти на семејството Јакимовски барајќи документи за одредени случаи.

Засега нема официјални информација.

Според Јакимовски ова е поврзано со три тендери, од кои два за општинската барака и една за плоштадот во Жданец, односно тоа што општината не ги активирала банкарските гаранции, иако ангажираната фирма не ги исполнила одредбите од договорот и договорот бил раскинат.

Јакимовски рече дека се работи за техничка грешка на службите, а  не за криминал бидејќи вработените во општината заборавиле да ја активираат банкарската гаранција,  и отфрли поврзаност со него. Тој обвини дека ова е политичка одмазад против него пренесува новатв.

GOLD
To Top