Новости

Македонија

Притвор за Јанакиески и Ристовски

Одреден е притвор за поранешните високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, дознава Телма од извори од судот. Се чека судијата да ги напише решенијата.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој претходно беше приведен, од судот замина бидејќи се повика на пратеничкиот имунитет. Покрај овие тројца, се трага и по уште две лица кои се во бегство, Никола Груевски кој е во Будимпешта и Никола Бошковски, кој пак е во Атина, објави Телма.

GOLD
To Top