Новости

Македонија

Прогласена епидемија на целата територија на Македонија

Комисијата за заразни заболувања прогласи епидемија на ситни сипаници  на територијата на целата држава.

Прва мерка е забрана за примање на невакцинирани деца во градинка, спуштање на возраста за вакцинирање од 12 на 6 месеци. Оние кои не се сигурни за вакциналниот статус да проверат и може сите над 14 години да се вакцинираат.

Задолжителна вакцинација на сите здравствени работници со две дози од вакцината, студенти по медицина, ученици и наставен кадар. Комисијата не може да забрани прием на деца во училиште, посочи Микиќ. Ваквата одлука доаѓа по растот на бројот на болни од морбили.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 54 луѓе. На Клиниката за детски болести има 15 деца од кои три со компликации и повеќето се бебиња.

За епидемијата е информирана и СЗО потврдуваат епидемилозите.

Во првите три месеци од годинава здравствениот инспекторат поднел дваесет пријави за родители кои не ги вакцинирале своите деца.

Девет од нив платиле казна од 600-тини евра, а единаесет кои не се одзвале на повикот добиле прекршочни пријави пренесува канал5.

GOLD
To Top