Новости

Македонија

Продолжува расправата за уставните измени, денес е можно и да се гласа

Пратениците во македонското Собрание денеска треба да ја продолжат расправата за  потребата од уставните измени, а не се исклучува можноста дискусијата да биде исцрпена и да се пристапи кон гласање, со оглед дека опозициските пратеници претходно ги откажаа дискусиите.

Останува нејасно дали во Собранието ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство, колку што е потребно да се пристапи кон уставните измени како една од обврските од Договорот од Преспа.

– Верник сум, верувам во чуда, па и во двотретинско мнозинство – изјави вчера премиерот Зоран Заев и уште еднаш ги повика пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка на Договорот од Преспа и да ги поддржат уставните измени.

Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека се единствени и дека нема да поддржат промена на Уставот со цел промена на уставното име на државата.

 

GOLD
To Top