Новости

Македонија

Продолжува судењето по предметот „Титаник“

Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на СЈО за изборните нерегуларности.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се презентираат материјални докази предложени од СЈО. Досега се презентирани 2.500 од околу 5.900 материјални докази.

Осомничени за овој предмет се Никола Груевски, потоа Кирил Божиноски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчевски, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјовска.

Осомночени се за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средствата за финансирање на изборна кампања.

GOLD
To Top