Новости

Македонија

Променливо облачно време со температури до 15 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд во северните делови на земјава.

По одделни котлини ќе има појава магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Максималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, но и со услови за краткотраен слаб дожд. Температурата ќе достигне до 13 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно и суво со појава на магла по одделни котлини. Од недела следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со услови за снег на планините.

Евротип
Евротип
To Top