Новости

Македонија

Променливо облачно и свежо со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо, со сончеви периоди. Во утринските часови со локален дожд на југоистокот. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните температури на југоистокот ќе бидат до 19, во Скопје и Охрид до 18, во Штип до 17, во Битола до 16, во Берово до 12.

Утре и во следните два дена времето ќе биде стабилно, со максимални температури утре до 23, а в четврток и в петок до 26 степени.

 

GOLD
To Top