Новости

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска времето во целата земја ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид 15, Битола 16, Кавадарци 19, Крива Паланка и Берово 14, Дојран 19.

И утре времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури слични на денешните од 13 до 19 степени.

GOLD
To Top