Новости

Македонија

Протест пред Собранието против Законот за јазици

фото фактор

Повеќе граѓани организирани од патриотски здруженија денеска излегоа на протест пред Собранието, против како што велат, воведувањето на двојазичност и подредност на македонскиот јазик што е закана за унитарниот карактер на Република Македонија.

„Ние ве сакаме наши сограѓани од малцинставата, но треба да знаеме кој е домаќинот“, беше истакнато на протестот, на кој присутните носеа знамиња со сонцето од Вергина и се пуштаа македонски народни песни.

– Од денешниот протест сакаме да испратиме порака дека македонскиот народ никогаш нема да се помири со оваа состојба и во тек е потпишување на петиција со која бараме, пред се, да престанат сите овие преговарања на штета на македонскиот народ и македонската држава и сите досегашни такви нелегитимни одлуки, закони, акти, договори и се што се носи од актуелната нелегитимна власт, не ги признаваме и ги прогласуваме за невалидни – рече Бобинкова – Мијаковска.

Според организаторите протестот е продолжување и дел од „сенародниот протест започнат пред шест месеци кон непринципиелните антимакедонски политики и одлуки на нелегалните и нелегитимните, инсталирани за спроведување на антимакедонските интереси“.

Евротип
Евротип
To Top