Новости

Македонија

Работите на празник – пресметајте колку изнесува празничната дневница

Согласно Законот за празници вторник 28. август, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Меѓутоа, за одреден дел од вработените во приватниот сектор, а особено во малите фирми денешниот ден ќе биде работен како и сите други бидејќи од нив е побарано да бидат на своите работни места.

Всушност, истото се случува и за време на останатите државни празници кои се прогласени за неработни денови според закон.

Во случај работодавачот да наложи за време на празник да бидете на работа, должен е тоа да го пријави во Трудова инспекција, а вам да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.

GOLD
SN Finansii
To Top