Новости

Македонија

Разрешени потпретседателите и генералниот секретар на СДСМ, Кирацовски

Сите шест потпреседатели на СДСМ, Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Мухамед Зекири и Благој Бочварски, се разрешени на денешниот Централен одбор на партијата, според неофицијални информации.

Неофицијално разрешен е и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, а на негово место неофицијално ќе биде назначен министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Седницата на ЦО сè уште трае.

GOLD
To Top