Новости

Македонија

„Рубау“ бара дополнителен рок за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп

Дополнителен рок за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп побарале претставници на изведувачот на градежните работи шпанска „Рубау“  денеска на средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

На средбата, соопшти Министерството з атранспорт, се разговарало за интензивирање на активностите за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп и надминување на состојбите затекнати во тек на изградбата, како експропријација, легализација и појава на археолошки наоѓалишта.

Како едно од решенијата за квалитетна изградба на овој патен правец, од страна на изведувачот е предложен нов рок за изградба, за што Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта дополнително ќе се произнесат.

– На состанокот ги разгледавме причините поради кои се доцни со реализација на овој проект. Тие понудија дополнителен рок во рамки на кој очекуваат да ја завршат изградбата на делницата Фаришка – Дреновска клисура од екпресниот пат Градско – Прилеп. Во наредниот период ќе ги разгледаме нивните предлози, но она што сакам да го потенцирам е дека ќе побараме од изведувачот квалитетна изградба на овој патен правец кој е многу важен за поврзување со Пелагонискиот регион, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Со претставниците на „Рубау“ се согласиле на заедничка соработка за надминување на настанатите состојби заради побрза и поефикасна реализација на проектот.

„Рубау“ работи на изградба на 10 километри  од планираните 33,5 километри експресен пат од Градско до Прилеп. Инвестицијата за првата фаза изнесува 31,8 милиони евра.

Евротип
SNBROKER
To Top