Новости

Македонија

СЈО со предистрага за имотот и финасиите на Груевски

Во интервју за „Независен“, специјалната јавна обвинителка Катица Jанева открива дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) води предистрага за поранешниот премиерот Никола Груевски. Истрагата е насочена кон испитување на неговата имотна состојба и финансии.

-За Груевски има предмети во кои би требало тој од својот личен имот да плати трошоци и надомести на штета и други финансиски обврски во однос на предметите. СЈО, за да може во определен период да му замрзне дел од имотот, води финансиска истрага и тоа не само за Груевски, туку за секое лице кое е осомничено во СЈО. Како што знаете, тој подигнал од своите сметки околу 120.000 евра, друг имот знаеме што има. Сега сакаме да утврдиме од кои пари и кој го финансира неговиот престој во Будимпешта за да знаеме дали тие извори на пари се негови лични или на некои други фондови, вели Јанева.

GOLD
To Top