Новости

Македонија

СДСМ: Мицкоски објави целосна невистина, класична лажна вест измислена од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ со реакција на денешната изјава на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека камионите на Вице Заев, братот на Зоран Заев, возат за РЕК Битола.

„Мицкоски е во безидејност и во агонија па измислува непостоечки случаи и лажни вести.

Случајот за коjшто зборуваше денеска Мицкоски е целосно измислен, и нема никаква врска со реалноста.

Ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, за коишто денеска лажно наведуваше Мицковски.

Во име на вистината, ги повикуваме сите надлежни институции и невладини организации коишто се бават со антикорупција да се заинтересираат за измислениот случај на Мицкоски и за тоа да ја информираат јавноста.

Личните фрустрации на Мицковски од позитивната, транспарентна и законска работа на Владата предводена од СДСМ и нејзините одлични резултати за краток период, наспроти криминалното вледеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ дојдоа до израз.

Впрочем, самиот Мицковски се уште не одговорил на јавноста за договорите од 10.5 милиони евра склучени во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ.

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал, корупција, неместени тендери.Затоа ВМРО-ДПМНЕ треба прво да си расчити со криминалот во своите редови а не да измислува таму каде што не постои“, реагираат од СДСМ.

GOLD
To Top