Новости

Македонија

СДСМ одлучи дека нема да оди на избори

СДСМ половина час после полноќ ја соопшти одлуката дека владеачката партија нема да оди на предвремени парламентарни избори, односно дека истите нема да бидат распишани. Ова го соопшти партискиот гласноговорник Костадин Костадинов пред седиштето, каде што до доцна заседаваше Извршниот комитет.

“СДСМ превзема одговорност пред граѓаните, а тие бараат реформи. Државотворна партија на која интереси и се оние на државата, не мисли на предвремени избори дури и кога рејтингот и е многу повисок од оној на опозицијата. Се отвораат нови работни места, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговори со ЕУ и реализирање на потребните реформи. Одговорна власт не би го загрозила датумот за преговори со ЕУ за да оди на избори“, рече Костадинов пред новинарите.

Истовремено било разговарано и за консензуална поддршка на еден кандидат за претседател од целокупната владеачка коалиција. Тоа значи дека и натаму останува во игра можноста за заеднички избор со ДУИ.

“Републиката ја очекува кристално чисти фер и демократски претседателски избори на кој ќе изгуби ВМРО-ДПМНЕ. Извршниот комитет го овласти претседателот на партијата и генералниот секретар да направи консулатации со коалициските парламентарни и вонпарламентарни партии за заеднички кандидат“, додаде Костадинов.

GOLD
To Top