Новости

Македонија

СН Осигурителен Брокер АД Битола повторно на страната на земјоделците

На 21.03.2019 година Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски – извршни директори и Илче Талевски – раководител на секторот за земјоделие на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА одржаа состанок со Ленче Николовска – посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ и Билјана Петровиќ – претседателка на Земјоделското здружение „Современо земјоделство“ каде што беше разговарано за ризиците со кои се соочуваат земјоделските производители и како преку осигурување на своите посеви и плодови насади да се заштитат од ризиците.

Во наредниот период ќе започне кампања заедно со друштвата за осигурување за тоа колку е важно земјоделците да ги осигураат своите посеви и плодови насади каде што преку едукација ќе се подигне јавната свест се со цел зголемување на процентот на осигурани земјоделски посеви.

Факт е дека временските услови, природните катастрофи, штетниците и болестите не може да бидат контролирани и не може да бидат спречени, но земјоделците со тоа што ќе ги осигураат своите посеви и плодовни насади можат да ги ублажат влијанијата на ризиците со што ќе си обезбедат обештетување и заштита на земјоделските производи.

Кога станува збор за земјоделците СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА секогаш застанува на нивната страна и им нуди најповолни осигурителни решенија. Како и претходно така и сега СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА продолжува со поддршката кон земјоделцте со тоа што ќе биде директен учесник и во оваа кампања за едукација и подигнување на јавната свест за осигурувањето на земјоделските прозиводи.

GOLD
To Top