Новости

Битола инфо

СН осигурителен брокер со презентација на најповолниот продукт за детско штедно осигурување “ВИНКО”

Во организација на СН осигурителен брокер денес во хотел Милениум во Битола, беше одржана презентација на најповолниот продукт за детско штедно осигурување “Винко”.
На презентацијата покрај дел од вработените и соработниците на друштвото, беа присутни и извршните директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Зоран Пејчиновски и М-р Христо Кондовски. Извршниот директор М-р Христо Кондовски со вовед ја отвори презентацијата која ја водеше менаџерот за животно осигурување Хелена Цветкоска.

“Бувчето Винко е резултат на одличната соработка помеѓу СН Осигурителен Брокер и Винер Лајф. Главната цел на овој пакет е да се изврши на некој начин едно позитивно влијание врз свеста кај македонските семејства за децата од мали да создаваат дисциплина за штедење” – истакна менаџерот за животно осигурување Хелена Цветкоска.


Бувчето Винко е наменет за најмладата популација – децата, тие се ставени во центарот на внимание на овој пакет преку кој се овозможува да се соберат финансиски средства за понатамошна едукација на најдобрите приватни универзитети во Македонија.

GOLD
To Top