Новости

Македонија

СОНК и МОН постигнаа договор – од 1-ви јануари просветните работници со 10% повисоки плати

Од 1-ви јануари следната година просветните работници со 10% покачување на платите. СОНК и Министерството за образование, постигнаа договор прифатлив за двете страни. По последната средба, СОНК прифати 10% покачување, а МОН –  покачувањето да почне да се исплаќа од 1-ви јануари 2020 година. Министерот Адеми рече дека просветните работници заслужуваат уште повисоки плати, но во моментов ова се можностите.

Министерот Адеми додаде дека во следните три месеци нема да има ново покачување, бидејќи, како што вели, ова покачување се смета за историски исчекор.  Првиот човек на СОНК пак, рече дека овој договор е само почетна точка за нивните барања кои веќе ги доставиле до МОН.

Другите барања на СОНК е измена и дополнување на колективните договори за основно и средно образование, надомест за превоз на наставниците, регрес за годишен одмор, исплата на прекувремените часови, ревидирање на исплатата на часовите за комбинирана настава. СОНК уште од почетокот на учебната 2019-та година, бараше покачување на платите за 25% и истото да почне да се исплаќа од 1 јануари следната година.

GOLD
To Top