Новости

Македонија

Сашо Мијалков и Љубе Бошковски денеска во судница за „Тортура“

Предметот „Тортура“ кој го води Специјалното јавно обвинителство дојде во фаза во која на исто судско рочиште ќе се појават екс началникот на УБК Сашо Мијалков, кој е првоосмничен за непрописното апсење, како и оштетениот Љубе Бошкоски, лидер на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи.

Во судница треба да се појават и шестмина припадници на полициската единица „Алфа“ кои го спроведоа апсењето на Љубе Бошковски во 2011 година на спектакуларен начин пред телевизиските камери.

Случајот „Тортура“ се базира на повеќе прислушувани разговори објавени во „бомбите“ на кои Мијалков разговара со уредници на телевизии и им објаснува како успеал да го уапси Бошкоски.

Љубе Бошкоски лежеше казна затвор за прекршување на изборните правила и трошење на средствата наменети за кампања, а беше „фатен“ пред елитен скопски ресторан со ќеса пари.

Сите седум обвинети се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово нечовечко постапување и казнување од Кривичниот законик.

faktor.mk

GOLD
To Top