Новости

Македонија

Сеад Кочан со полиција спроведен во „Идризово“

Специјалната единица „Алфи“ го привеле бизнисменот Сеад Кочан со намера да го однесат на издржување на затворската казна. Лекарите од приватната болница каде што се лекува Кочан се обиделе да ги убедат „алфите“ дека тој е со наод за срцева болест.

Судот добил известување дека не е на апарати и по наредба е префрлен во затворот Идризово. Дополнително наредбата до МВР за неговот приведување е пуштена доцна вечерва откако судијата за санкции Александар Милошоски поладнево одлучил да го го одбие и неговото трето барање.

Според нашите информации, барањето му е одбиено му е поради тоа што е со ист основ како и претходното односно со влошена здрвствена состојба, за кој судот не му ги прифаќа аргуметите и докторската документација деака не може да биде префрлен зад решетки. Во ваква здравствена состојба кква што е сега, Кочан може да ја издржува казната. Тој беше во приватна болница од вечерта 16 јули пред судот да донесе одлука дека тој мора да оди во затвор како што му беше и првиот термин 17 јули.

Сеад Кочан е осуден на казна затвор од 4 години и 8 месеци.

GOLD
To Top