Новости

Македонија

Села денеска треба да се соочи со напаѓачите од 27 април

Лидерот на алијанса за Албанците денес во Кривичниот суд треба да сведочи за насилството во Собранието од 27 април.

Тој ќе се соочи со напаѓачите кои се обвинети за обид за убиство. За делото убиство во обид, кривичниот законик предвидува затворска казна од 5 и повеќе години.

На претходното рочиште адвокатот на Зијадин Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.

На обвинителната клупа повторно ќе седнат обвинетите Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, како и Кире Ѓоргиевски и неговиот татко. Последните двајца беа уапсени во мај лани, како осомничени за физички напад и влечење на Села кој потоа во критична состојба заврши во болница.

kanal5.com.mk

Евротип
Евротип
To Top