Новости

Македонија

Серија земјотреси во Корча, тресе во Охрид, Струга, Битола, Ресен

Земјотрес со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала утрово е регистриран на 18 километри јужно од Корча, на самата граница меѓу Албанија и Грција.

Според подтоците од emsc-csem.org првиот земјотрес се случил во 06:26 часот, а најсилно бил почуствуван во Корча.

Земјотресот утрово ги разбуди и жителите на Поградец, а граѓаните на друштвените мрежи известија дека бил почувствуван и во Охрид, Струга и Ресен.

По првиот, беа регистрирани уште два земјотреса од 4,9 и 4 степени.

GOLD
To Top