Новости

Македонија

Се воведуваат жолти регистарски таблички за такси возилата

Овој месец стапуваат во примена новите законски измени за превоз во патниот сообраќај, кои се однесуваат на таблиците на такси возилата. Овие измени, вели министерот за економија, се на барање на здруженијата на автотакси превозот.

„На барање на здруженијата за автотакси превоз се воведуваат жолти таблици за такси возилата со цел да се постигне ред во такси превозот, односно да се препознаваат лиценцираните и регистрираните такси возила, и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност, односно забрана за вршење на нерегистрирана дејност. Исто така, се воведува и унифицирана светлечка табла за такси возилата“, информира министерот Бектеши, кој ги презентираше законските новини за возилата.

GOLD
To Top