Новости

Македонија

Се намалува бројот на запишани студенти во Македонија

Во Република Македонија, во академската 2018/2019 година се запишани вкупно 53 677 студенти, што претставува намалување за 5.7 отсто во однос на академската 2017/2018 година.

Од нив, 56.6 отсто или 30 352 се студентки, покажуваат податоците на  Државниот завод за статистика.

Најголем број студенти 87 проценти се запишани на државните високообразовни установи, додека 12.4 отсто се на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во академската 2018/2019 година, се запишани 13 931 студенти или 26 отсто (тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година).

GOLD
To Top