Новости

Македонија

Се судрија пет возила на автопатот Велес – Скопје

Поради сообраќајна несреќа автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај, информираат од АМСМ.

Околу 8 часот било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, се судриле пет патнички моторни возила.

– На автопатот Велес-Скопје, кај местото Кула, случена е сообраќајна незгода помеѓу повеќе возила и автопатот Велес -Скопје е целосно затворен за сообраќај, се наведува во вонредниот извештај на АМСМ од 8:40 часот.

Првичните информации се дека се повредени 6 лица.

GOLD
To Top