Новости

Македонија

Се чека нов предлог за технички министер за внатрешни

Најавите за техничка влада се очекуваат за утре, додека решението за технички министер би требало да „падне“ денеска доколку партиите успеат да најдат компромис и да ги испеглаат разликите во ставовите.

Актуелниот премиер Зоран Заев треба да се повлече на 3 јануари, утре, од функцијата согласно процедурата за техничка влада, или сто дена пред изборите.

Откако ќе падне оставката, Парламентот треба да ја констатира истата со што директно паѓа целата влада.

Тогаш техничкиот министер добива мандат од шефот на државата кој треба да даде предлог за новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во перидот до изборите и формирање на новата влада.

Засега кочниците се кај името за техничкиот министер за внатрешни работи кој не се прифаќа од владеачката партија а е на предлог на опозицијата.

Очекувањата се дека ВМРО ДПМНЕ ќе даде нов предлог наместо Драган Ковачки кој кај власта отвори дилема дали овој предлог е во согласност со Уставот, откако беше истакнато дека станува збор за воено лице на служба во Армијата. Ковачки доаѓа од АРМ и е со чин полковник. Тој има долга кариера во војската, меѓудругото и како Командат на 1. механизирана пешадиска бригада.

Извор: faktor.mk

GOLD
To Top